Следната година ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија и врвни резултати, велат од Демократскиот сојуз.

„Ќе ја афирмираме потребата од темелни реформи во судскиот систем, донесување на закон за борба против организираниот криминал и формирање на независна Агенција против тешките облици на криминал, департизација на институциите, донесување на нов Изборен законик со кој Македонија ќе биде една изборна единица и услови за рамноправен изборен натпревар без трошење на пари од Буџетот, како и имплементација на конкретни програми за заштита на животната средина и дефинирање на минимална пензија.

За младите ќе иницираме тие да одлучуваат за својата иднина за да создаваат и творат овде во нашата татковина“.

Текстот Следната ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија, велат од Демократскиот сојуз е превземен од МАКФАКС.