Карли Клос стана мајка на 11 март. 28-годишната манекенка го доби своето прво дете со сопругот Џошуа Кушнер, а сега го откри и неговото име.
„Леви Џозеф“, напиша Клос во описот на фотографијата на која ја држи малата дланка на нејзиниот син, а на раката можеше да се забележи и уникатниот прстен на кој пишува „Мама“.
Информацијата за раѓањето на нивниот син на 14 март ја сподели Џошуа. Тој го поздрави доаѓањето на својот син на својот инстаграм-профил.
Клос и Кушнер објавија дека го очекуваат своето прво дете во октомври минатата година. Потоа, извор близок на манекенката откри дека таа ќе биде „неверојатна мајка“. Двојката е во брак од 2018 година.