Бугарскиот шоумен и лидер на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов преку социјалната мрежа facebook му понуди работа на македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој се соочи со огромната омраза на дел од македонскиот народ само затоа што кажа дека има бугарски пасош и дека неговата баба била родена во селото Игралиште Бугарија.
„На Васил Гарванлиев, кој треба да ја претставува Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија, му се заканува испадне во немилост од страна на своите сограѓаните во Северна Македонија, само затоа што тој објави дека е Бугарин и има бугарски пасош. Сега се води кампања против него во Северна Македонија тој да не ја претставува земјата на Евровизија.
Но, драги сонародници, Бугарија е насекаде каде што има дури и еден Бугарин. И бидејќи има Бугарин во Северна Македонија, извинете, има многу Бугари во Северна Македонија, но јас се осврнувам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го нудам следново:
Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продукција на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојот тим ќе ти овозможиме работа и пристоен живот. Одлуката е твоја. Бугарите мора да се поддржуваат едни со други“, стои во објавата на најпознатиот шоумен и нов политичар во Бугарија Слави Трифонов.