Град Скопје нема ресурси да помогне во покривањето на дел од високите трошоци на БЕГ за набавка на природен гас, изјави денеска Трајко Славевски, претседател на Советот на Град Скопје, во емисијата „Утрински брифинг“.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера ги повика Град Скопје и општините да помогнат и да платат дел од долгот, односно милион евра, а Владата да покрие трошок од 5 милиони евра.

  Тоа е бесмислено, кога гледаме дека Владата има многу поголеми ресурси. Владата, за разлика од сите општини и Град Скопје може да се задолжува. Таа е суверена и може да ускокне во оваа ситуација. Има уште еден проблем – ние не знаеме која е сумата што треба да се дотира – рече поранешниот министер за финансии и додаде дека Град Скопје никогаш немал ставки за вакво субвенционирање во својот буџет.