Првиот човек на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, кој воедно е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Локално.мк зборуваше меѓудругото и за ескалацијата на односите со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.  Тој вели дека е изненаден.

-Искрено, не очекував дека состојбите ќе ескалираат до овој степен. Градоначалникот Арсовска во изминативе неколку недели на прашања на новинари и на нивно чудење во неколку наврати истакна дека немала комуникација со претседателот на Совет на град Скопје од самиот почеток на мандатот затоа што „немало прашања за кои можела да се консултира”. Во досегашната кариера сум сретнал разни карактери и се приспособив на нејзиниот однос и Советот до сега работеше многу ефикасно. По цели две години организирање седници по електронски пат од самиот почеток преминавме на седници со физичко присуство. Советот и советниците беа до таа мера ефикасни што во изминатите десет месеци се одржани и целосно завршени 18 седници, на кои е дебатирано и се донесени одлуки по сите точки предложени од градоначалник и од советниците.

Целото интервју на следниот ЛИНК.