Доколку не сте љубител на горко кафе, сигурно ставате барем една лажичка шеќер во кафето, а сите знаеме дека не е здраво. Сепак, постои уште еден одличен начин како да го засладите вашето кафе, со нешто што сите го имаме во кујната – цимет.
Потребно е само малку цимет во кафето чиј вкус нема ни да го осетите, а од друга страна ќе биде доволен да се ублажи природната горчина на кафето. Ќе добиете слатко утринско кафе без грам шеќер во него, пишува livehacker.com
Покрај тоа, циметот е одличен да применувате наутро, бидејќи ги стимулира когнитивните способности.
Во секој случај, малку цимет наместо шеќер може да биде идеален за почеток на уште една работна недела со нови навики.