Батат или сладок компир е скробен зеленчук од корен со сладок вкус, кој може да расте повеќе или помалку низ целиот свет. Го има во различни големини и бои, вклучувајќи бела, портокалова и виолетова и е богат со витамини, минерали, антиоксиданти и растителни влакна.

Во 200 грама сладок компир печен со кора содржи 41 грам јаглени хидрати, 4 грама протеини и само само 0,3 грама маснотии.

Извор на витамин А

Најмногу се истакнува по тоа што содржи витамин А, така што во наведената количина содржи друи 769% од препорачаните дневни вредности! Првенствено е присутен во форма на бета-каротен, растителен пигмент кој е претходник на витаминот А, а неговиот вишок безбедно се излачува од телото.

Следат витамин Ц, Б6, Б5, Б3, манган, калиум и бакар. Слаткиот компир, особено портокаловиот и виолетовиот, се исто така богати со антиоксиданси кои го штитат организмот од слободни радикали, нестбилни молекули кои можат да ја оштетат ДНК и да предизвикаат воспаление, што е поврзано со хронични болести како тумори или срцеви заболувања, но и предвремено стареење.

unsplash

Растворливи и нерастворливи влакна

Природните влакна и антиоксидансите се добри за здравјето на цревата. Слаткиот компир содржи растворливи и нерастворливи влакна. Одреден вид на растворливи влакна ја апсорбираат водата и ја омекнуваат столицата. Од друга страна, нерастворливите влакна не апсорбираат вода и додаваат волумен на столицата.

Природните влакна во слаткиот компир под влијание на бактериите во цревата можат да ферментираат и да создадат масни киселини кои се „гориво“ за клетките на обвивката на цревата и ги одржуваат здрави и силни.

unsplash

Исхраната која содржи 20 до 35 грама природни влакна дневно го намалува ризикот од рак на дебелото црево и ја подобрува работата на цревата.

Антиоксидансите, исто така, играат важна улога во здравјето на цревата. Лабораториска студија покажа дека антиоксидансите од виолетовиот сладок компир го стимулираат развојот на бактерии добри за здравјето на цревата, вклучително и слоеви на Bifidobacterium и Lactobacillus. Поголеми количини од овие бактерии се поврзани со помал ризик од развој на синдром на нервозно дебело црево и инфективна дијареја.

Слаткиот компир го подобрува видот и меморијата

Бета-каротенот, пигмент одговорен за портокаловата боја на зеленчукот и овошјето, е моќен антиоксиданс кој во телото се претвора во вирамин А, е важен за формирање на рецепторите за детектирање на светлината во очите.

Антоцијанините, пигменти кои на зеленчукот и овошјето му даваат темно црвена и виолетова боја, можат да помогнат во заштитата на клетките на очите од оштетување. А воедно може да има корисен ефект и врз функциите на мозокот.

unsplash

Антоцијанините можат да го заштитат мозокот така што го намалуваат воспалението и го спечуваат штетното дејство на слободните радикали, покажуваат студии спроведени врз животни.

Давањето екстракт од виолетов сладок компир на глувци ја зголемило нивната способност за помнење.

Го подобрува имунитетот

Слаткиот компир, како што споменавме, е богат со бета-каротен, претходник на витамин А. Ниските нивоа на овој витамин во крвта се поврзани со намален имунитет. Слаткиот компир е клучен за одржување на здрави мембрани, особено оние во цревата.

Здравите црева се исклучително важен дел од имунолошкиот систем, бидејќи токму во нив телото се среќава со многу потенцијални патогени.

unsplash

Студиите покажуваат дека недостатокот на витамин А го зголемува воспалението во цревата и ја намалува способноста на имунолошкиот систем правилно да одговори на можните закани. Редовната консумација на слаткиот компир помага во одржување на посакуваното ниво на витаминот А во организмот.

Антиоксидансите од слаткиот компир исто така можат да помогнат при некои видови на рак. Лабораториски студии покажаа дека антицијанините можат да го забават растот на туморските клетки во мочниот меур, дебелото црево, стомакот и градите. И самата лушпа од слаткиот компир содржи состојки со антиканцерогени својства.

unsplash

Слаткиот компир може многу лесно да стане вообичаен дел од вашата исхрана. Како и обичниот компир, можете да го печете, пржете, да го додавате во чорби, супи, во солени и слатки јадења. Направете пире, испечете го со кромид, направете чипс… Готвењето ја намалува количината на бета-каротен во слаткиот компир до одредена мерка, но околу 70% од таа хранлиа материја се задржуваат.