Скопското обвинителство, кое ја води истрагата, предлага притвор за седуммината осомничени за купопродажба на земјиште за фотоволтаични централи. Обвинителството бара притвор бидејќи се сомнева дека лицата можат да влијаат врз сведоци во постапката.
Петмината осомничени во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во кривичниот суд. Двајца управители во приватната компанија ЕВН откупувале земјште со намена за градба на фотоволтаични централи од физички лица во Делчево, од кои со дел биле во родниски врски.
Купопродажната цена на земјиштето достигнувала разлика и до 40 пати.