Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2021 година (2021 ASQ Award) од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI–Airports Council International) за Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) и Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2021 година.
По наградите за квалитет на аеродромските услуги во 2012, 2013, 2015, 2018, 2019 и 2020, ова е 7. пат скопскиот аеродром да ја добие наградата за Најдобар аеродром во неговата големина во регионот на Европа
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, е награден од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI–Airports Council International) со наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ Award) за Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) и Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2021 година. Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World) денес ги објави добитниците на овогодинешните награди за квалитет на аеродромските услуги (ASQ), кои ги слават и ги промовираат најдобрите аеродроми во светот согласно тоа како се изјасниле патниците.
Ова е 7. пат како скопскиот аеродром ја добива наградата за Најдобар аеродром во неговата големина во регионот на Европа. ТАВ Македонија претходно ја има добиено ASQ-наградата за скопскиот аеродром за 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година.
Ова е седми пат како ја добиваме оваа прекрасна вест дека Меѓународниот Аеродром Скопје е награден од ACI за квалитет на аеродромските услуги за Најдобар аеродром во неговата големина и регион, а втор пат по ред од минатата година за Најдобри хигиенски мерки по регион за 2021 година. Воодушевени сме што Меѓународниот совет на аеродроми го награди скопскиот аеродром, бидејќи овие награди и признанија се доказ за нашите извонредни напори во еден ваков исклучителен период, бидејќи 2021 година беше година кога сè уште силно се соочувавме со ефектите од глобалната пандемија. Меѓутоа, нашите патници и клиенти уште еднаш ја докажаа и потврдија нашата заложба, напорна работа и посветеност. Ние сме благодарни, горди и привилегирани за нивната позитивна оценка за нашата работа, особено ако ги земеме предвид предизвиците поради моменталните околности. Оваа 2021 година, ASQ наградата на ACI е уште едно признание за целиот наш персонал и препознавање на нивните секојдневни напори и посветена работа со цел да обезбедат најдобри можни услуги, а со цел да успеат да ги исполнат потребите на нашите патници и клиенти. Во овој момент, дозволете ми да ги споменам и да ја изразам благодарноста и кон нашите сестрински компании и нивниот персонал – ATU (бесцарински продавници), BTA (храна и пијалаци), TAV MOS (primeclass и комерцијални услуги), TAV Technologies (ИТ услуги) и Euroclean (услуги за одржување хигиена) кои што обезбедуваат услуги и додаваат дополнителна вредност кон аеродромското искуство на нашите клиенти. На крај, би сакал да истакнам дека ТАВ Македонија, како аеродромски оператор чиј главен приоритет се патниците и нивното најдобро патничко искуство преку нашите аеродроми, ќе продолжи да ги исполнува очекувањата на клиентите и да ги подобрува услугите што се нудат на аеродромите за да постигне нови повисоки нивоа на задоволство на клиентите.“, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.
Аеродромите ширум светот, покрај тековната криза, продолжија да даваат приоритет на слушање и приспособување на различните потреби на нивните клиенти преку анкетите за квалитет на аеродромските услуги. Во 2021 година со еволуирачките здравствени мерки и новите сетови на очекувања што влијаат врз тоа како се испорачува и доживува аеродромското искуство, пандемијата со КОВИД-19 и натаму има големо влијание врз патничкиот сообраќај.
„Честитки на Меѓународниот Аеродром Скопје за наградата Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) и Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2021 година, што претставува јасен показател дека тие им даваат приоритет на своите клиенти во текот на многу тешка година кога гарантирањето дека нивниот глас ќе се слушне е од клучно значење. Ова достигнување ја претставува посветеноста на Меѓународниот Аеродром Скопје за доследно обезбедување извонредно искуство според мислењето на нивните клиенти“, изјави Луис Фелипе де Оливеира, Генерален директор на ACI World.
Како учесник во ASQ-програмата за истражување на мислењата на патниците, Меѓународниот Аеродром Скопје се натпреварува со аеродроми со иста големина – од 2 до 5 милиони патници годишно и во истиот регион – Европа, со што во 2021 година, овој панел за истражување на ASQ, се состоеше од вкупно 11 аеродроми: Аеродромот Мадеира, Аеродромот Краснојарск, Аеродромот Менорка, Аеродромот Сантијаго, Меѓународниот Аеродром Скопје, Аеродромот Сола, Аеродромот Тбилиси, Аеродромот Талин, Аеродромот Ваернес, Аеродромот Торино и Аеродромот Загреб.
Иницијативата на ACI за квалитет на аеродромските услуги е единствената глобална програма за мерење на задоволството на патниците додека патниците се на аеродромот. Имплементирана на близу 400 аеродроми ширум светот, програмата ASQ обезбедува длабинска проценка на квалитетот на искуството за услуги на клиентите. Добиената база на податоци овозможува сеопфатна анализа на искуството со услугите на клиентите на секој аеродром што учествува во иницијативата. Резултатите од оваа година ги препознаваат победниците на ASQ наградата како најдобри аеродроми во светот поради квалитетот на искуството на клиентите.
Новите прашања поврзани со здравјето и хигиената додадени во прашалникот за истражување во 2020 година им овозможуваат на аеродромите подобро да го разберат одговорот и реакцијата на клиентите кон новите здравствени мерки поврзани со КОВИД-19 и соодветната категорија на награди ги препознава аеродромите кои успешно одговориле на нив во очите на патниците.
Од податоците собрани во 2021 година од над 370.000 истражувања, 111 награди освоиле 88 аеродроми ширум светот. Категориите на награди вклучуваат Најдобри аеродроми по големина (по број на патници годишно) и регион, како и Најдобри хигиенски мерки по региони, од кои има 46 добитници. И покрај предизвиците што сè уште актуелни и во 2021 година поради пандемијата, аеродромите успеаја да соберат над 370.000 анкети од нивните клиенти во текот на годината и 111 награди се доделени на 88 аеродроми ширум светот.
ТАВ Македонија за првите два месеца од 2022 година бележи вкупно 215.227 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, со пад на вкупниот број на патници за 29%, споредено со статистиката за јануари и февруари во 2019, како референтна година, додека во однос на 2021 година статистиката покажува позитивен тренд на зголемување на бројот на патници.