Полициски службеници од полициската станица Гази Баба во попладневните часови на 28. декември, во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К. (58) и Н.А. (46), двајцата од Скопје, при вршење на тешка кражба.
Како што информираат од МВР, двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво.
Тие биле приведени, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице.
По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни кривични пријави.