Синоќа во 22.11 часот во СВР Скопје, Н.С. пријавил дека во угостителски објект во с.Морани, скопско, М.Н. се заканувал на неговиот татко С.С.(57) од с.Морани, информираше МВР.

Пријавителот објаснил дека М.Н. се обидел да го нападне неговиот татко со пиштол, но бил спречен од присутните.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.