Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, Струга и Гостивар се општини со најмногу активни случаи со Ковид-19.
Активни случаи со ковид-19:
- Скопје 5833
- Тетово 1016
- Куманово 914
- Охрид 668
- Струга 638
- Гостивар 530
Според здравствените власти, од Ковид 19 најмногу страдаат невакцинираните, а што се однесува до општините, од МЗ велат дека најмногу активни случаи има таму каде што вакцинацијата е на ниско ниво. Меѓутоа вака не мисли и претседателката на приватните лекари. Доктор Лилија Чолакова смета дека високиот број на заразени е последица на непочитувањето на протоколите од страна на граѓаните. Таа оценува дека вакцинацијата нема врска со високиот број заразени низ општините, бидејќи како што вели, меѓу заразените има и вакцинирани.
Чолакова вели дека пациентите доцна се јавуваат на лекар и за други болести, плашејќи се да не испаднат позитивни на ковид 19. Според неа, полициски час или дополнителни мерки не се потребни во борбата со високиот број заразени, туку е потребан соработка меѓу пациентите и матичните лекари.
Од вкупното население во земјава, 37% се вакцинирани, што според МЗ е мал процент и потребно е повеќе за да се постигне колективен имунитет и за промена на состојбата со епидемијата.