Скопје бара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, кој вчера е уапсен во Косово, потврди денеска премиерот Зоран Заев.
– Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовските власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и С Македонија се имаат обвразано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји. Секако, никој не е виновен додека со правсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој слулај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето, рече Заев.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша изјави дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.