Украинскиот авиопревозник  „Виндроус“, ќе ја укине линијата Скопје – Киев, само два месеци откако беше воведена. Последните летови од оваа линија ќе бидат во четврток и во недела, а потоа ќе има уште две ротации во март, по што линијата потоа ќе ја нема.

„Виндроуз“ е првата компанија која директно ги поврзa Македонија и Украина. Оваа авиокомпанија воведе повеќе нови линии кон главните градови на повеќето земји од поранешна Југославија.