Соња Цаковиќ од Скопје, сопруга и мајка на две деца, која работната кариера ја посветила на педагогијата помагајќи им на деца без родителска грижа, пред два месеца починала како последица на ковид во болницата ,,8 Септември” на 15 април годинава. Нејзината сестра, Лидија Цаковиќ, е гневна на системот. Таа за „Слободен печат“ тврди дека сестра и се јавувала на лекарски преглед уште во најраната фаза на симптомите на ковид, на Ургентното одделение во ГОБ „8 Септември“, но поради тоа што имала висока сатурација, била одбиена за хоспитализација и испратена дома со антибиотска терапија.
Само неколку дена подоцна, откако станало јасно дека нема подобрување од антибиотикот што и бил препишан, со сатурација 55 и со комбе на Итната помош, добила болнички кревет.
Меѓутоа, ова бил почеток на крајот, бидејќи за само неколку дена, починала.
Целиот текст тука
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.