Скопје утрово е трет најзагаден град во Светот по Бишкек Киргистан и Лахор Пакистан, покажува апликацијата Ај-кју-ер за мерење на квалитетот на воздухот. Ништо подобра ситуацијата не е во другите македонски градови. Па, така штетен воздух утрово дишат и во Кочани, Кавадарци, Гостивар, Куманово. Со оглед на тоа дека е високо нивото на загаденоста на воздухот, донесени се одредени мерки, меѓу кои и бесплатен автобуски превоз. Посебни мерки владата вчера донесе за Скопје, Квадарци, Кичево и Струмица.