Скопјанецот Камер Идризи (42) и негов роднина се убиените вечерва во населбата Бутел 2, дознава 24 Инфо , пренесува Слободен печат. Мотивите за убиството на Идризи, кој во Бутел е познат како Камбер, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам за сега не се познати.
Како што дознава 24 Инфо, зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушка.
Двојното убиство се случило околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеваритеХристијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.