На 22.07.2021 околу 17.00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје запреле патничко возило „фолксваген голф“, со словенечки национални ознаки за кое добиле сознанија дека направило сообраќајна незгода на бул.„Никола Карев“ и го напуштило местото.
Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.