Вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„Филип Втори“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11-ти Октомври“.
Како што информира МВР, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.
„Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.























