Скопје утрово е најзагадениот град во Европа, според податоците објавени на веб-страницата IQAir, за квалитетот на воздухот.
Главниот град е на десетто место, споредбено со градовите од целиот свет, зад Делхи- Индија, Лахор-Пакистан, Акра-Гана, Багдад-Ирак, Кабул-Авганистан, Дака-Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина и Ханој во Виетнам.
Според здружената иницијатива „Зелен хуман град“, секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните ПМ честички. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата.