Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз.
Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија што го објави „Еуроњуз“.
Извештајот на ниво на европските градови покажува дека само 47 отсто од жителите на Скопје се задоволни од јавниот превоз во градот.
Помало е задоволството во Никозија, Белград, Подгорица, Тирана и Рим.
Најмногу граѓани изразиле задоволство од јавниот превоз во европските метрополи Виена, Хелсинки, Осло, Прага и Луксембург.
„Кога се споредуваат факторите како што се цената, безбедноста, колку често сообраќаат и колку се држат до распоредот, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа чувствуваат поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.
Оваа разлика е уште поголема меѓу не-главните градови, со стапки кои варираат од 22 отсто во италијанскиот Палермо до 95 отсто во швајцарскиот Цирих.
Кога станува збор за чувството на сигурност во јавниот превоз, Скопјани се трети на листата од назад.
Зад Скопје, по ова прашање се само Тирана и Рим, каде жителите се изјасниле дека имаат најниско ниво на сигурност во превозот.