Полицијата обелодени нови случаи на семејно насилство што се случиле во изминатото деноноќие, од кои два на територијата на Скопје и еден во Берово.

„Денеска (11.12.2024) во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.11.2024, пријавениот физички го нападнал  неговиот  татко и му нанел телесна повреда“, се наведува во информацијата од МВР.