Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот.

По преземени мерки, бил пронајден и приведен во полициската станица.

Текстот Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава е превземен од МАКФАКС.