Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.

Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.

Текстот Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува е превземен од МАКФАКС.