Синоќа скопската полиција добија пријава за судир на велосипедистка и пешак во која била повредена велосипедистката. Несреќата се случила на булеварот Партизански одреди.

„На 27.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале електричен велосипед ’бенели’, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на несреќата направила увидната екипа од СВР Скопје.