Скопјанец во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од вработен во  Управата за водење на матичните книги, во Центар.

„На 25.10.2024 во 12.05 часот во СВР Скопје Н.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во објект на Управата за водење на матичните книги, на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот“, информираа од МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.