Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го оцени како „лоша авантура“ неодамнешниот обид за рушење на Владата.
Тој истакна дека иницијатори биле ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.
„Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура. Тоа е лошо политичко искуство. Избрзавме, но иницијатори беа ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Претседателот на Алијанса и генералниот секретар отидоа во канцеларијата кај претседателот на ВМРО, во Собрание. И таму договорија се. Ние избрзавме. Знаев дека нема да биде добро, но ете потпишавме и испадна дека сум бил во право“, вели Реџепи.