Скандинавските селекции Данска и Шведска ќе ги одмерат силите во големото финалето на 27-то Светско првенство, кое се одржува во Египет.
Данските ракометари во полуфиналето ја совладаа Шпанија со 35-33, додека швеѓаните пласман во финалето обезбедија преку триумфот над Франција 32-26.
Шведска, пак, во полуфиналето и одржа час по модерен ракомет на Франција. „Триколорите“ немаа договор за расположената шведска репрезентација, која брилираше на чело со голманот Паличка. Швеѓаните во финале на едно големо натпреварување ќе играта после точно две децении.
Финалниот натпревар се игра в недела во 17:30 часот.