Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација. Кампот се организирал викендов близу Зелениково. Од учесниците барале да кажуваат имиња на фирми за производство на кондоми, колку секс партнери имале досега, да симулираат секс пози и слично. Скандалозните активности се пријавени во полиција.
„Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“, велат од ОЈО Скопје.
Родителите се пожалија во медиумите шокирани од она што таму се случило.