Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, тврди дека е отпуштен порано од болница поради тоа што барал трикафта за сите пациенти. Како што вели тој на социјалните мрежи, директорката на клиниката Стојка Фустиќ му рекла ако уште еднаш даде изјави за новинари, за него немало да има место во болница.
Еве што напиша Пехчевски.
Д-р Stojka Fustik со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.
Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.
А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год.
Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.
Но, во писмена изјава за медиумите, директорката тврди:

Поради зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза  И.П.  и изјавите  дека е во критична состојба , како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести , сакам да изјавам следното:   И.П.  е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција  (FEV1=70%  од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката  утре (15.04.2023). Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен.

Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза  започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40%  од предвидениот).