Семејство од Тетово обвинува дека 60 годишен нивен близок член вчера починал во ходник на Клиничката болница, чекајќи да дојде лекар, објави Сител.

За локалните медиуми член на семејството објаснува дека роднината го донеле во болницата околу 19 часот и речиси цел час чекале да излезе некој од медицинскиот персонал за да го згрижи пациентот кој паднал во кома и починал.

За случајот од министерството за здравство за во понеделникот најавија вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ. Во Клиничката болница Тетово веќе се преземат мерки за што побрзо расчистување на овој случај. Комисија од КБ Тетово ги утврдува фактите за третманот на 60-годишникот.