Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во неговиот кабинет одржа работен состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска и поранешниот министер за образование, сега пратеник Арбр Адеми.
За време на оваа средба, соговорниците разговарале за концептот на реформи во образованието и Законот за учебници за основно образование. Тие се согласиле дека согласнос со Законот за учебници за основно и средно образование треба да се изврши ревизија и да се исправат сите неправилности во учебниците, особено учебникот по географија за втора година средно образование, со оглед дека постојат текстови и лекции ја навредува историјата, културата и вредностите воопшто на сите граѓани на Република Северна Македонија.
Учебникот ќе биде приоритет за прегледување и корекција, а се најавува такво нешто и за други учебници.
Инаку, пред само неколку дена во јавноста, се појавија и реакции дека одредени лекции во овој учебник велат дека Албанците во Македонија се всушност македонци кои биле исламизирани со доаѓањето на Османлиите. На 99 страница од книгата пишува: „Меѓу денешните македонски Албанци има и родови кои себеси се сметаат за староседелци. Главно тоа е македонско население кое во текот на турското владеење го примило исламот и постепено се албанизирало. Меѓу нив, понекаде има и понекој род кој потекнува од некогашните Турци, Роми или Черкези.
Понатаму, на 104 страница како спорен момент е наведен текстот дека Албанците во Македонија се доселиле во различни периоди, почнувајќи од 1780 година. Но, како што пренесоа медиумите на албански јазик, на оваа страница спорно е и тоа што е напишано дека „населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови.