Првата ѕвезда на Астон Вила и репрезентативец на Англија, Џек Грилиш (25) е осуден на деветмесечна забрана за возење!

Капитенот на тимот од „Вила Парк“ бил во алкохолизирана состојба, „дивеел“ на автопатот, предизвикал сообраќајна несреќа кога се враќал од забава удирајќи во три паркирани автомобили, а потоа и во ѕид со својот „Ренџ ровер“.

Интересно, несреќата се случи 24 часа откако Грилиш ги повика Британците да ги почитуваат правилата воведени поради коронавирусот и да останат дома.

Обезбедувањето на паркингот потенцираше дека за време на разговорот, фудбалерот бил видливо пијан.

Исто така за прекршокот ќе мора да плати и парична казна од 82.499 илјади фунти.