Во италијанскиот град Пезаро избувна скандал откако бронзената статуа на Лучијано Павароти заврши заробена во мразот на новогодишното лизгалиште. Ситуацијата дополнително се влошила кога градоначалникот ги повикал лизгачите да му „дадат петка“ на тенорот додека минуваат покрај него, што ја разгневило неговата вдовица, Николета Мантовани.

Таа изјавила дека поставувањето на многу грдото лизгалиште околу споменикот е навреда и непочитување кон сеќавањето на Павароти. Фотографиите од статуата до колена заглавена во мраз предизвикаа бурни реакции на интернет.

Мантовани изјавила дека е разочарана, лута и вознемиренам нагласувајќи дека ваквата поставеност го нарушува имиџот и почитта што тенорот ја заслужува.

Градоначалникот Андреа Бианкини подоцна се извинил, признавајќи дека градската управа направила грешка и дека не постоела намера за навреда. Сепак, преместувањето на статуата не е возможно пред отворањето на празничната атракција, бидејќи би било скапо и ризично за споменикот.

Статуата во природна големина, откриена минатата година како трајна почест на Павароти, сега е „заглавена меѓу огради и празнични светилки“, пишува Il Resto del Carlino.

Текстот Скандал во Италија: Статуата на Павароти „заробена“ во мраз, вдовицата огорчена е превземен од МАКФАКС.