На неумесниот коментар на новинарот, реагираа голем број на тенисери.
Филип Крајиновиќ беше дел од егзибицискиот турнир во Аделаида и одигра еден сет откако Новак Ѓоковиќ поради повреда не можеше да настапи на првиот сет против Јаник Синер.
Сепак, еден австралиски коментатор го навреди Крајиновиќ нарекувајќи го „случаен учесник“ за време на ТВ преносот со што ги налути колегите на српскиот тенисер.
„Во ред, што е многу, многу е. Прв меч тука во Австралија и Филип Крајиновиќ, моментно број 31. кој порано беше и 26. моментно го нарекуваат „учесник“. Биди подобар од тоа“, напиша австралискиот тенисер Џон Милмен како одговор на коментарот.
Okay… enough is enough. First match here in Oz for the Australian summer and current world number 31, who has been as high as 26, Filip Krajinović just got called a journeyman. Be better..
— John Millman (@johnhmillman) January 29, 2021
Реагираа и останатите тенисери.
„Извинете, ама тоа што сте 31. тенисер на светот значи дека сте проклето добар играч“, напиша Џејмс Дакворт.
Со своја реакција се јави и поранешниот американски тенисер Енди Родик, кој исто така застана во одбрана на Крајиновиќ.
„Се согласувам со ова. Во многу други спортови некој со таков ранкинг би бил нарекуван „ол стар“. Тенисот сам на себе си прави штета користејќи ја таа терминологија, пред се од нашите коментатори и новинари“.
I agree w this. In many other sports someone at his ranking would be called an “all star” or “all pro”. Tennis does a disservice to itself w condescending terminology, largely from our own broadcasters and journalists https://t.co/sIYvJzKWfB
— andyroddick (@andyroddick) January 29, 2021