Се појави скандал во Шпанија. Иако станува збор за снимка од 2006-та година, сепак таа сега се појави и практично предизвика голем број реакции во фудбалскиот свет во оваа земја. Станува збор за снимка од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес на соговорник му зборува за Зидан, Роналдо, оној Бразилецот, ги фали, дека се добри момчиња, но ги критикува легендите на клубот Раул и Касиљас.

„Бекам е добро момче, многу паметен. Заработува 30 милиони по сезона. Роналдо Да Лима исто така. Зидан добива 25. А од друга страна го имаш Раул кој не продава апсолутно ништо. Ниту дрес, апсолутно ништо. Медиски нема никакво влијание. Тој е многу лош, верува дека Реал Мадрид е негов. Го уништува клубот, моралот на играчите, прави се лошо. Многу лош човек“ – вели Перес. Истото, или слично нешто зборува и за легендарниот голман на „Кралевите“, Икер Касиљас.

„El Konfidensal” планира целиот разговор да го објави следниот викенд.