На траект на релација Франција – Велика Британија, по грешка бил пуштен порнографски филм пред патниците, меѓу кои имало и деца, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил кон крајот на октомври, по завршување на преносот од трката во Формула 1 кој патниците го следеле во салонот.

Траектната компанија „ДФДС“ се извини и соопшти дека екипажот не знаел дека ќе се емитува таков содржина и дека каналот веднаш бил сменет кога биле предупредени. Каналот подоцна бил целосно отстранет од системот.

Очевидци изјавиле дека децата трчале врескајќи од салата и дека родителите побарале да се исклучи телевизорот.

Еден патник рекол дека ситуацијата била хаотична и дека луѓето биле вознемирени.

Текстот Скандал на траект меѓу Франција и Британија: емитуван порнографски филм пред патници, децата врескале е превземен од МАКФАКС.