Претседателот на Франција, Емануел Макрон на внатрешна турнеја во земјата при средба со публиката, доби шлаканица од еден посетител, јави дописникот на МИА. По инцидентот, уапсени се две лица.
Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутниот народ, едно лице извикувајќи „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на претседателот.
Набрзо обезбедувањето реагираше и го неутрализира напаѓачот. Емануел Макрон потоа ја продолжи својата посета.
Видеото од инцидентот веќе се рашири на интернет.
FRANCE—Video emerges of @EmmanuelMacron slapped in the face, while greeting people during his tour of the #Drôme.
Two people reportedly arrested. pic.twitter.com/4mxU7tOrMJ
— Bree A Dail (@breeadail) June 8, 2021