„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција. Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?
Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?
Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.
Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.
СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.