Неверојатна вест доаѓа од Истанбул по натпреварот помеѓу Анадолу Ефес и Барселона.
Како што пишува „Еурохупс“, Барселона му забранила на својот кошаркар Томас Ертел да влезе во авионот и да се врати во Шпанија бидејќи преговарал со Реал Мадрид.
Каталонците планираа францускиот репрезентативец да го испратат во Фенербахче меѓутоа Ертел наводно зад грб на клубот заедно со својот менаџер Мишко Ражнатовиќ, преговарале со најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Договорот на Ертел истекува на крајот од сезоната, а Барселона планираше да ја исплати вкупната сума од договорот и да го испрати во Фенербахче од каде во спротивна насока би пристигнал Лео Вестерман.