Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација.
МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.
-Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани, наведува МНР и посочува на СОС дежурниот телефон +389 75 268 736, како и на електронската адреса: [email protected].