Ситуацијата со ковид-19 е позагрижувачка отколку во кој било момент од минатиот март, изјави денеска шкотската премиерка Никола Старџен, најавувајќи ново „заклучување” како одговор на многу преносливата варијанта на коронавирусот.

Старџен рече дека на новата варијанта отпаѓаат речиси половина од новите случаи во Шкотска и оти преносливоста е околу 70 проценти.

– Како резултат на оваа нова варијанта, (вирусот) самошто научи да „скока” многу побрзо и дефинитивно се забрза во последните неколку недели, изјави Старџен од говорницата на шкотскиот Парламент.

– Не е претерување да се каже дека сум позагрижена со ситуацијата со која се соочуваме сега отколку што сум била во кој било момент од март, истакна шкотската премиерка.

Извор:МИА