Антоан Гризман, асот на Барселона, може да стане една од целите на Манчестер Сити во преодниот рок. Медиумите на Островот истакнуваат дека шампионот на Англија ќе испрати официјална понуда до Французинот, доколку не успее да го донесе Хари Кејн.
Споменатиот напаѓач на Тотенхем и играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, се главните желби на Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити. Сепак, цените и за обајцата се доста високи и постои можност „граѓаните“ да се свртат кон алтернативни решенија.
Гризман совршено би се вклопил во нападот на Сити, во кој влегуваат Стерлинг, Марез, Бернардо Силва и Кевин Де Брујн. Исто така, цената за Французинот е значително пониска отколку за Кејн. Според Трансфермаркет, Гризман вреди околу 67 милиони.
Олеснителна околност за Сити може да биде тешката финансиска состојба на Барселона, која летово веќе ги донесе Агуеро и Мемфис Депај. Во случај на добра понуда, тие скоро сигурно би го ослободиле Гризман, кој не обезбедуваше игри во дресот на Барса на ниво на оние од Атлетико Мадрид.