Сите жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските борци во Мариупол, објави на Телеграм Ирина Верешчук, заменик-премиер на Украина.
„Наредбата на претседателот е извршена. Тој дел од хуманитарната операција во Мариупол е завршен“, напиша таа.
Проруските сили соопштија дека уште 50 лица биле евакуирани во саботата од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во прифатен центар на територијата на ДПР.
Штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР) исто така на Телеграм објави дека од фабриката за челик сега се евакуирани вкупно 176 цивили.
„Денеска, 7 мај, 50 луѓе беа евакуирани од областа на фабриката за челик Азовстал во Мариупол“, соопшти ДПР.