Долгот на италијанскиот шампион Интер изнесува дури 700 милиони евра.

Иако најчесто се пишува за долгот на Барселона, кој е далеку поголем од тој на Интер, 1,35 милијарди евра, факт е дека многу други клубови се во голема неволја. Меѓу другото, Интер, и покрај освојувањето на првото Скудето по ерата на Жозе Мурињо минатата сезона.

Антонио Конте ја донесе титулата на Интер, но си замина бидејќи сфати дека нема пари за засилувања, дека ќе има продажба и дека дури и самиот клуб ќе биде на продажба. Конте замина, а дојде Симеоне Инзаги.

И навистина, Интер почна да ги продава своите најдобри играчи, па Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку го напуштија тимот. Заработија речиси 200 милиони евра од продажба на играчи, а при доаѓањето на другите потрошија само 12,5 милиони евра со плаќање на дефанзивецот од ПСВ Дамфрис, додека Един Џеко практично пристигна бесплатно.

Според „Il Fatto Quotidiano“, Suning Group, главниот акционер на Интер, има намера да го продаде клубот. Во спротивно, тие ќе мора да ги отплатат долговите. И тие се огромни. Во рок од три години, клубот мора да отплати заем од 275 милиони евра што го зеде од инвестицискиот фонд Оактри.

Навивачите на Интер се загрижени за моменталната ситуација, и се плашат дека клубот наскоро ќе распродаде други капитали како што се Лаутар Мартинез, Стефано Де Вриј, Никола Барела…

Сегашниот состав е доволно добар за да се бори за самиот врв во Серија А, но сопствениците на клубот се загрижени за долговите и постојано бараат нови инвеститори, а сето тоа подоцна ќе ја одреди иднината на клубот, кој имаше подеми и падови низ историјата.