Во основното музичко училиште во Струмица се одржа Комеморација за Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК кој загина во пожарот во Кочани, а вработен во музичкото училиште ,Боро Џони“ во Струмица.

Неговите колеги и пријатели го поздравија со едноминутно молчење.

Директорката на музичкото во Струмица, Клара Патарова, рече дека поради неговиот поздрав наутро „Goоооod morning“ ѕвонеле нивните срца секојдневно. Неговиот однос бил прилагоден со почит. Знааел да сподели ведрина и актуелна случка во градот.

„По 100 пати во денот ќе прашаше: ‘Треба ли нешто?’ Знаевме да ти кажеме: ‘Седни, одмори се’, а тој велеше: ‘Не директорке, јас не знам да седам, дадете ми обврски’“, раскажа директорката додавајќи дека во зградта се потсетува на него.

„Грда е реалноста, тешко се прифаќа“, рече таа.

„Надвор од ова просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој, оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето“ кажа Петрова.

Претходно од училиштето објавија дека тапаните биле неговиот живот, а загинал од огнените јазици додека ја ширел својата енергија, талент и љубов заедно со нив – своите тапани.

„Сакан и мил наш, веќе си ненадоместлив меѓу нас колегите, но и учениците кои те обожуваа. Секојдневието ќе биде болно…тажно…празно. Ти испраќаме болни и тажни воздишки“, напиша претходно средното училиште.