Јувентус во саботата дојде на делба на четвртото место по ремито со градскиот ривал Торино (2:2). Всушност, тој во моментов е петти, но во среда го пречекува Наполи во заостанато коло.
Јувентус остана без скоро никакви шанси да освои ново Скудето и ќе се базира на борба за на крајот да биде меѓу четирите екипи и да ја освои Лигата на шампионите.
Во Јувентус ситуацијата е алармантна. Роналдо вчера со гол го спаси исклучувањето на Андреа Пирло, но според бројни медиуми, поранешниот играч за врска на Старата дама е на прагот да ја загуби работата.
Единствена утеха за Јуве може да биде Купот доколку ја совладаат Аталанта во финалето, но прашање е дали Пирло ќе стигне до тоа финале. Тој веќе може да биде поранешен во среда во случај на нов неуспех против Наполи.
Некои дури сметаат дека клубот е подготвен повторно привремено да го ангажира Масимилијано Алегри за да го заврши барем крајот на сезоната на некој добар начин.
Сепак, сигурно е дека на лето, што и да се случи во наредните месеци, Јувентус ќе бара нов и поискусен тренер од Пирло, а се подготвува и голем ремонт на тимот.