Повеќе од илјада пожарникари гасат огромни пожари на границата меѓу Италија и Словенија, објавија денеска словенечките медиуми.
Advertisements
Пожарот се прошири од италијанска страна кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух во кои беа вклучени три словенечки и два италијански хеликоптери. Загрозени се населбите Села на Красу, Худи Лог, Корита на Красу и Нова Вас, каде што се врши евакуација на населението, соопштија од регионалниот штаб на цивилната заштита на Приморската покраина.
Најтешка е состојбата во општина Добердоб, која се наоѓа покрај словенечко-италијанската граница, јавуваат медиумите.