Правосудството во земјава ќе се поднови со нови кадри. Вкупно 58 кандидати го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители и конечната ранг-листа денеска ќе биде доставена до Судскиот совет и до Советот на јавни обвинители, објави „360 степени“.

Од 58 кандидати, 30 положиле за да бидат судии, а 28 за јавни обвинители. На листата идни правораздавачи може да се пронајдат имиња на блиски роднини на функционери, актуелни и поранешни обвинители и судии.

Меѓу оние што најмногу „паѓаат во очи“ е името Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде иден јавен обвинител.

Покрај на претседателот на Собранието, и роднина на генералната секретарка на законодавниот дом, Цветанка Иванова, во иднина ќе биде дел од правосудството. Нејзината снаа Билјана Иванова е рангирана на 21. место и ќе биде судијка.

Сопругата на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, исто така, во иднина ќе биде негова колешка – јавна обвинителка.

Албулена Абази ја заврши Академијата на 51. позиција од 58 кандидати што положиле.

Целата вест на „360 степени“.