Душко Заев, синот на екс-премиерот Зоран Заев, основаше претпријатие за производство на електрична енергија, јавува порталот Фактор.
Компанијата што ќе ја раководи 18-годишниот Заев се вика „Тотал Енерџи“ и има седиште во Струмица. Уште две компании на семејството Заеви го носат префиксот „тотал“: Тотал инженеринг и Тотал електрик.
Семејството има активни бизниси во градежниот сектор, во транспортот, малопродажбата, трговијата, а ова е прв пат да се поврзува со производство на струја.